Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Лопатица
Рождество на пресв. Богородица — црква во битолското село Лопатица, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Црквата е гробишен храм, сместен на источниот крај на селото. Изградена е во 1857 година.[1] Претставува голема камена базилика со полукружна апсида на исток. На запад подоцна во продолжение е доградена трпезарија. На југозапад има куловидна камбанарија изградена подоцна. Храмот е забележителен по западниот ѕид на тремот однадвор, каде околу влезот во наосот има голема композиција (2,94 × 1,72 м), на која е претставен двобој помеѓу Крале Марко и Муса Кесеџија на коњи.[1] Таа е дело на мајстор од Дебарската школа, изработена во 1884 година[2] За време на Првата светска војна, бугарската војска во цркват погребала загинати војници од VI пешадиски трновски полк.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia