Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Мусинци
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Мусинци.[1][2] Црквата е сместена во крајниот јужен дел од селото. АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со три многуаголни апсиди на источната страна и осумаголна купола. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез е сместен на западната страна до која е доградена припрата. Над влезната врата има полукружна ниша со фреска на која е прикажано Рождеството на Пресвета Богородица. Црквата има и два споредни влеза кои се наоѓаат на јужната страна. На јужната и северната страна има по две монофори. Источниот ѕид содржи една голема апсида во средина и две помали од страните. Во дворот на црквата се сместени стариот објект на црквата, камбанаријата и селските гробишта. Стариот објект има правоаголна основа со апсида на источната страна. Изграден е од тули и содржи кровна конструкција сочинета од дрвени греди над која има кров од ќерамиди. Камбанаријата има квадратна основа и се издига непосредно пред влезот на црквата. Таа се состои од три дела, од кои најгорниот е отворен од сите страни. Изградена е од камени блокови. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia