Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Подино
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Подино.[1] Црквата е сместена во западниот дел од селото, на возвишение кои ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото. ИсторијаСе верува дека црквата била возобновена во 1916 година на темели на стара црква од римско време.[2] Во дворот на црквата се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Св. Богородица. Во дворот може да се забележат неколку мермерни сполии, и тоа: мено од мермер вградено во скалите, пред влезот на црквата има голема мермерна плоча, а една парапетна плоча лежи покрај апсидата.[3] Црквата е изградена во 1929 година.[4] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Во продолжение на западната страна е дограден помошен објект чиј влез се наоѓа на јужната страна. Црквата е изградена од варовник и е покриена со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига во североисточниот агол од дворот на црквата. Таа има квадратна основа, изградена е од камени тули, на секоја од четирите страни има по еден правоаголен прозорец, а покриена е со пирамидален кров од ќерамиди. Влезот во камбанаријата се наоѓа на западната страна. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia