Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Средно Водно
„Рождество на Пресвета Богородица“ — православна црква сместена на падините на Водно на месното на историското село Горно Водно.[1] Таа е возобновена врз темелите на стара повеќевековна црква со колективно ктиторство на сите поранешни жители на разуранатото село. На црквата Св. Богородица и претходи долга историја која започнала некаде во XIII век, во пишуваните извори спомнувана како „Св. Богородица Елеуса“ и „Св. Богородица Водњанска“, а во втората половина на XVI век црквата запустела. Од 1847 до 1870 година е обновена еднобродната, засводена црква посветена на празникот Рождество на пресв. Богородица. Црквата и селото Горно Водно се разурнати во 1955 година. Камен-темелникот на новата црква Рождество на Св. Богородица е осветен на 6 октомври 1996 година. Проектот за новата триконхална, еднокуполна црква го изготвиле арх. инж. Илија и Благојка Пулејко, а идејното решение за камбанаријата било на арх. инж. Никола Ничота. Живописот и иконописот се дело на актуелните зографи Кирил Златанов и Лазар Личиќ. Поради својата местоположба, црквата е доста посетена. ПоврзаноНадворешни врски
Наводи
Галерија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia