Црква „Св. Ѓорѓи“ - Горни Липовиќ
Свети Ѓорѓи (позната и како Св. Великомаченик Ѓорѓи) — главна селска црква во радовишкото село Горни Липовиќ. Црквата се наоѓа на влезот од селото, на височинка што се издига на левата страна покрај патот. ИсторијаЦрквата е изградена во 1877 година, но не е позната кога и од кој архијереј била осветена. Иконите биле изработени во 1860 година од страна на видниот крушевски мајстор Никола Михајлов. Црквата започнала да се обновува во 2013 година и се очекувало градежните работи да завршат за една година, до март 2014 година. Во обновата била целосно обновена нејзината надворешност.[1] АрхитектураГрадбата на црквата е со правоаголна основа, обоена е со бела боја и е покриена со ќерамиди. Од западната и северната страна на црквата е доградена припрата, којашто е значително пониска од црквата и е покрена со ќерамиди. Пред влезот на црквата има натстрешница, којашто се издига на два цилиндрични столбови. Таа е повисока од припратата, но пониска од црквата и исто така е покриена со ќерамиди. Над натстрешницата, на четири цилиндрични столбови се издига камбанаријата. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia