Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ивањевци
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Ивањевци.[1] Црквата е сместена во крајниот североисточен дел од селото. ИсторијаЦрквата е изградена во 1847 година, а била обновувана во 1932 и 2005 година.[2] Од натписна плоча на еден од помошните објекти се забележува дека кровот на црквата бил обновен со средства обезбедени од иселеници од селото во Австралија во декември 2002 година. АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен од западната страна, а над него има полукружна ниша со фреска на Свети Ѓорѓи. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, неколку помошни објекти и селските гробишта. Камбанаријата се издига јужно од градбата на храмот. Таа има квадратна основа и се состои од три дела. Во најдолниот дел на западната страна се наоѓа влезот, а во средниот дел над него има правоаголен отвор, додека во најгорниот дел на секоја страна има по два хоризонтално поставени правоаголни отвори. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia