Црква „Св. Ѓорѓи“ - МартиновциЗа други истоимени места, погледајте Црква „Св. Ѓорѓи“ - Железна Река.
Свети Ѓорѓи — селска црква во маалото Мартиновци во гостиварското село Железна Река, Македонија. Денешната црква е подигната во 2015 година на темели на некогашната градба, која била целосно срушена и денес не постои.[1] ИсторијаСпоред преданијата, на местото каде што е возобновена црквата, пред неколку века се наоѓал манастир со конаци и со три големи камбани.[1] Манастирот се наоѓал во месност викана Буринец.[2] На местото на некогашниот буринечки манастир била подигната мала капела по 1918 година,[2] која во 2015 година била срушена и на чие место е подигната новата византиска градба.
МестоположбаЦрквата се наоѓа на влезот во самото село Железна Река, во маалото Мартиновци. Таа е сместена на пространа ливада, видлива од самиот пат.[1] Околу црквата се наоѓаат гробишта на маалото Мартиновци. АрхитектураГрадбата на новата црква е во византиски стил.[1] ФрескоживописВо црквата се изведуваат активности за живописување на црквата.[1] Галерија
ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia