Црква „Св. Ѓорѓи“ - Олевени
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во битолското село Олевени, Македонија.[1] Местоположба![]() Црквата се наоѓа на самото сретсело, над малото подрачно училиште во селото. Храмот се наоѓа на една височинка од каде доминира над поголемиот дел на селото Олевени.[2] ИсторијаОваа црква е најстара во селото. Се претпоставува дека е подигната на почетокот на XIX век.[3] Истражувачот Јован Трифуноски запишал дека црквата се нарекува Св. Алимпиј Столпник и била подигната во 1890 година.[4] АрхитектураЦрквата претставува еднокорабна градба со седумстрана апсида на исток и затворени тремови прилепени крај јужната и западната фасада. Главниот влез во црквата е поставен во средината на јужниот дел.[2] Внатрешноста на црквата е поделена со прегради во наос, нартекс и олтарски простор. Нартексот на западниот дел е подигнат на повисоко ниво од наосот со неколку скали.[2] КамбанаријаВо југоисточниот дел на црквата се извишува камбанаријата. Таа во долниот дел има четвртеста форма за да во горниот, преку осумстраниот тамбур заврши со купола.[2] ФрескоживописЅидовите од внатрешноста на црквата се насликани во целост. Зографот не оставил запис со кој би не информирал за неговото авторство, но според стилските особености може да се претпостави дека се работи за Јосиф Радев од Лазарополе, кој кон последните децении на XIX век е доста активен на ова подрачје.[2] ИконостасНа иконостасот се поставени два реда на икони од различни временски периоди и автори. Постарите се датираат според записот во 1839 година. На овој период му припаѓаат повеќето од престолните икони. Царските двери и допојасните претстави на апостолите во горниот ред на икони, според своите одлики припаѓаат на друга зографска работилница. Според годината испишана врз дверите, оваа групација е насликана во 1857 година.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia