Црква „Св. Ѓорѓи“ - Смилево (селска)За други значења на поимот, погл. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Смилево.
Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во демирхисарското село Смилево, сместена на височинка во селото.[1] ИсторијаЦрквата била изградена во 1911 година, една година пред завршување на отоманското ропство.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е прилично голема и во основа претставува трикорабна градба со полукружен дрвен средиштен свод и покриени странични бродови. Поседува петострана апсида со слепи аркади од надворешната страна.[2] Црквата поседува три влеза и големи пространи прозорци, поставени во два реда на северниот и на јужниот ѕид. Ѕидовите се од кршен камен, а на фасадата се обработени со фугирање. Има покрив на две води и истиот е од ќерамиди, но најверојатно првично бил од плочи. Отворите, венецот и апсидата се изработени од делкан камен.[2] Во внатрешноста црквата има галерија.[2] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia