Црква „Св. Јован Богослов“ - Љубојно
Свети Јован Богослов (од мештаните нарекувани Свети Јоан) — главна селска црква во селото Љубојно, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа на самото сретсело. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[1] Црквата била изградена во 1861 година. За време на Илинденското востание во 1903 година била запалена, за во 1921 година повторно да биде обновена.[1] ГрадбаЦрквата е сместена во средишниот дел на селото. Автентичната фасадна структура на надворешните ѕидови е сочувана само на полукружната апсида, изѕидана од убаво обработени камени квадери. Сите останати ѕидови се премалтерисани, вклучувајќи ја и куполата со осмостраниот тамбур.[2] Во периодот по изградбата и обновата на црквата на западната страна се придодадени нови помошни простории. Главниот влез во црквата се наоѓа на јужната фасада.[2] Црквата е изградена како трикорабна базилика со купола издигната на гамбур, централниот кораб полуциндрично засводен, а бочните покриени со рамни тавани. Во внатрешноста на западната страна има галерија, а на исток завршува со апсида многуаголно решена од надворешната страна. Храмот е ѕидан од камен, а сводите и лаковите се од дрвна конструкција.[1] Внатрешноста е поделена надолжно на три кораби со два реда на столбови.[2] Според натписот над јужниот влез, храмот бил подигнат во 1861 година. Подоцна бил опожарен во 1903 година, за повторно да биде обновен во 1921 година.[2] ФрескоживописЅидното сликарство во апсидната конха и во нишата од жртвеникот потекнува од 1928 година. Во наосот на црквата врз сводните партии и страничните ѕидови нема сочувани остатоци од ѕидно сликарство.[2] ИконостасНа олтарната предграда има два реда на икони. Во основниот ред се насликани вообичаените претстави за престолни икони, а горе се допојасјата на апостолите и сцени од Великите празници. Според натписите врз иконите, тие потекнуваат од 1924/1925 година.[2] Иконите од певницата, поставена врз еден од северните столбови, се дела на истиот зограф, работени во 1928 година.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia