Црква „Св. Јован Крстител“ - Древено
Свети Јован Крстител — главна селска црква во селото Древено.[1] Црквата е сместена во средишниот дел на селото. МестоположбаЦрквата се наоѓа во непосредна близина на регионалниот пат 1309, на влезот од селото од насоката на Злетово. ИсторијаЦрквата била изградена по XVIII век, а иконите биле изработени во текот на XIX век од страна на Дичо Зограф и непознати автори. Не е познато кога и од кого била осветена. АрхитектураГрадбата е трикорабна и има правоаголна основа. Од западната и јужната страна е доградена припрата, којашто е пониска од градбата на црквата и е покриена со ќерамиди. Главниот влез се наоѓа од западната страна, додека од јужната страна има страничен влез. Над главниот влез има плоча на којашто е испишано името на црквата. На јужниот ѕид, веднаш над припратата има четири прозорци. Ѕидана е од кршен камен и малтер со полутркалезни сводови. Целата градба е обоена во бела боја и е покриена со ќерамиди. На кровот на црквата, веднаш над влезната црква, е поставен крст. Камбанаријата е сместена зад црквата. Таа има квадратна основа и е изградена од камен. Во горниот дел е отворена од сите четири страни, каде што е сместено ѕвоното. Покриена е со лимен кров. Во дворот на црквата, непосредно од десната страна на камбанаријата е сместена трпезаријата. Дворот на црквата е обележан со камена ограда, којашто околу влезната порта е малтерисана и обоена во бела боја, како и покриена со ќерамиди. Во внатрешноста на црквата нема фрескоживопис. Меѓу иконите на дрвениот иконостас има една мала икона на која било насликано Вознесението Христово. Не се знае кога оваа икона била изработена, но, врз основа на стилската анализа на Коста Балабанов, се претпоставува дека настанала при крајот на 18 век. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia