Црква „Св. Архангел Михаил“ - Арвати
Свети Архангел Михаил (локално позната како Свети Арангел) — главна селска црква во селото Арвати, Општина Ресен, Македонија.[1] Се наоѓа на сретсело, на левиот брег на реката Шара. Во кругот на црквата се наоѓаат и денешните селски гробишта.[2] Се претпоставува дека е стара и дека некогаш била манастирска.[2] ЛегендаСе пренесува сеќавање дека црквата некогаш била во склоп на поголем манастир, во кој живееле монаси и имале своја воденица. Меѓутоа, Турците намислиле да ги истераат монасите и да им ја земат воденицата. За таа цел, пуштиле вест дека монасите одржуваат врска со некоја неморална жена. Монасите не можејќи таквите оговарања да ги издржат, го напуштиле дотогашното место на живеење и ја оставиле воденицата. Се населиле на денешната месност „Мала Калуѓерица“ (калуѓерите со понизок чин) и на „Голема Калуѓерица“ (калуѓерите со повисок чин).[2] Градба![]() Храмот е сместен во кругот на православните селски гробишта, во кој се влегува низ црковната порта, врз која се издигнува старата камбанарија. Не постои податок за времето на изградбата на храмот. Тој претставува трикорабна градба, на кој во поново време му се обновени носечките столбови и горниот конструктивен систем.[3] Според својот надворешен изглед наликува на градбите какви се граделе во третата и четвртата деценија на XX век, односно во периодот помеѓу двете светски војни. На исток се наоѓа седумстраната апсида, а на јужната и северната фасада покрај влезовите во наосот, ѕидната површина ја разбиваат по два реда од по четири прозорци. Како главен влез во храмот се наметнува оној од западната страна, а со неодамнешните обнови над е прилепена новата камбанарија на три ката. ФрескоживописНа внатрешните ѕидови нема траги од ѕидно сликарство со оглед на фактот што сите површини се премалтерисани.[3] ИконостасОлтарната преграда е составена од два реда на икони. Според испишаните години врз поодделните икони тие се работени во периодот од 1929 до 1937 година.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia