Црква „Св. Архангел Михаил“ - Могила
Свети Архангел Михаил — главна селска црква во селото Могила.[1] Црквата се наоѓа во непосредна близина на сретселото. Во октомври 2013 година моштите на Димче Могилчето биле пренесени во оваа црква.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна на црквата е доградена припрата. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има мозаик на кој е прикажан Архангел Михаил, а споредниот влез се наоѓа на јужната страна и над него има празна ниша. Храмот во целост е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со метална ограда, а во неа се сместени камбанаријата, селските гробишта, како и помошен објект. Камбанаријата е сместена на завршетокот од помошниот објект, непосредно на левата страна од влезната порта од дворот на црквата. Таа има квадратна основа во долниот и и осумаголна во годниот дел, каде што на секоја од осумте страни има по една монофора. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia