Црква „Св. Архангел Михаил“ - Претор

Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба

Карта

Координати 40°58′27″N 21°03′29″E / 40.97417°N 21.05806°E / 40.97417; 21.05806
Место Претор
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба 1729
Архитектонски опис

Свети Архангел Михаил — гробјанска селска црква во селото Претор, Општина Ресен, Македонија.[1]

Се наоѓа во југозападниот дел на селото, во близина на Големото Преспанско Езеро. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[2]

Историја

Била изградена во 1729 година, а запалена и разурната за време на Првата светска војна. Во 1926 година била обновена. Во 1994 година повторно била извршена обнова на црквата.[2]

Поврзано

Галерија

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 203. ISBN 9789989920554. Посетено на 28 јануари 2016.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya