Црква „Св. Атанасиј“ - Велушина
Свети Атанасиј — селска гробишна црква во битолското село Велушина, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во селото Велушина, сместена во ограден простор од старите селски гробишта.[2] Таа се наоѓа во Горното Маало на селото, каде биле закопувани и мештаните од тоа маало.[3] АрхитектураПретставува мала еднокорабна градба, соѕидана од обичен необработен камен. Во храмот се влегува низ тремот и влезот на западната страна.[2] ФрескоживописОд ѕидното сликарство сочувано е она од нишата над влезот со допојасната претстава на св. Атанасиј.[2] Во олтарниот простор, односно на источниот ѕид и апсидната конха, претставени се Пресвета Богородица со малиот Христос и светите отци во долниот појас. Лево и десно од апсидата е сочувана претставана на Благовештението, а во малите ниши од жртвеникот и ѓаконикот се Св. Стефан и Св. Роман. Според стилската анализа ова сликарство припаѓа на уметноста од XVII век.[2] ИконостасНа иконостасот од црквата, преовладуваат престолните икони со претставите на Исус Христос, Св. Јован Крстител и Св. Атанасиј од почетокот на XIX век.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia