Црква „Св. Атанасиј“ - Волково
Свети Атанасиј — македонски православен храм и гробјанска црква во скопското село Волково, Општина Ѓорче Петров[2]. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта на Волково, а покрај самата црква, се наоѓаат и помошни простории наменети за погребните церемонии. Црквата се наоѓа во ист двор со црквата „Св. Петка“ и се претпоставува дека и двете се изградени врз темели на многу постари цркви.[3] Обиколница на СкопјеЦрквата е сместена под големиот мост на кој поминува самата обиколница со автопатско решение, поради што црквата се нашла во опасност при неговата изградба и постојано е изложена на голема бучава и загадување. Исто така, се јавиле и стравувања дека со изградбата на големиот мост над селските гробишта, ќе бидат загрозени и идните проширувања на самите гробишта.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia