Црква „Св. Атанасиј“ - Галиште
Св. Атанасиј — православна црква во кавадаречко село Галиште. Му припаѓа на Кавадаречкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА. Црквата се наоѓа југозападно од селото, кое практично е напуштено. За изградбата и зографисувањето неама никакви податоци. Храмот има две фази на изградба. Старата црква на исток е со мали димензии, еднокорабна и градена од кршен камен, без украси по фасадите. Се претпоставува дека е подигната кон крајот на XVII век. Изградена е врз остатоци од постарата црква, судејќи по живописните фрагменти, вѕидани заедно со градежниот материјал. Во 1934 г. е дограден нов дел со цел да се прошири и продолжување на старата црква, при што е срушен западниот ѕид на старата црква, а стариот фрескопис е одново пресликан.[1][2][3] Од старите фрески зачувани се комјпозицијата на Големиот влез, Богородица Ширшаја небес, Видението на Петар Александриски и архиѓаконите Свети Роман и Свети Стефан. Според овие зачувани фрески заклучено е дека нивниот авторот спаѓа во групата на послаби зографи од крајот на XVII век. Сликарството и боите се слаби, без прецизност и нијанси.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia