Црква „Св. Атанасиј“ - Зовиќ
Свети Атанасиј — црква во селото Зовиќ МестоположбаЦрквата е сместена на врв од рид во непосредна близина на селото.[1] ИсторијаСпоред своите архитектонски и ликовни крактеристики, црквата потекнува од поствизантиски период, односно од XVII век.[2] Во поново време, со помош од месното население до црквата е изградена трпезарија, поставен е крст, а донесена е и електрична енергија.[1] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна.[1] Влезот е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска којашто е во лоша состојба. Објектот е граден од камен и варов малтер, а прекриена е со кров од црвени ќерамиди.[2] Внатрешноста на црквата е зографисана. Иако црквата претрпела оштетувања низ годините, денес се сочувани вредни површини фрескоживопис, како што е претставата во олтарниот простор позната како Богородица со епитетот Платитера – Знамение од XVII век. Според иконографскиот тип, Богородица Знамение е облик на Богородица Ширшаја со молитвено издигнати раце. На сиво-сината заднина на фреската со бели грчки букви е испишан епитетот на Богородица. Претставата е работена според текстот на пророкот Исаија, според кој Богородица претставува отелотворение на црквата. Ваквата претстава на Богородица е значаен тематско-времеследен показател затоа што сведочи за присуството на пошироката сфера на византиската во постарата уметност.[2] Во дворот на црквата се наоѓа помошен објект. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia