Црква „Св. Атанасиј“ - Мачево
Свети Атанасиј (позната и само како Свети Атанас) — главна селска црква во малешевското село Мачево. Црквата е сместена во југозападниот дел од селото, од леваата страна на патот кој води кон мост на реката Брегалница. Во нејзина непосредна близина, од спротивната страна на патот се сместени селските гробишта. ИсторијаСпоред натписот над влезната врата, црквата е изградена во 1932 година на местото на постара црква.[1] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна и има правоаголна основа, со петострана апсида во задниот дел. Целата градба е малтерисана и е обоена во бела боја. Над влезната врата се испишани годините 1932, кога црквата најверојатно била изградена, и 1952. Иконите во црквата се изработени од локални зографи и се подарок од месното население.[1] Камбанаријата на црквата се издига од кровот над влезната врата. На нејзината предна страна е испишан датумот 8 октомври 1975 година. Од левата страна на црквата се наоѓа трпезаријата. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia