Црква „Св. Богородица“ - Бојанчиште
Света Богородица — главна селска црква во селото Бојанчиште.[1][2] Црквата е сместена на височинка на излезот од селото. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта. ИсторијаЦрквата е подигната во текот на XIX век, а била фрескоживописана во 1865 година. Ова го пишува во натписот над западната страна од гредата меѓу наосот и припратата. Натписот гласи:[2]
АрхитектураЦрквата е еднокорабна со изведена рамна дрвена таваница. Има изграден трем од јужната и западната страна.[2][3] ФрескоживописЦрквата е фрескоживописана од зографите Спасе и Доне, брат Негров од селото Гари - Дебарска каза. Состојбата на фрескоживописот е во состојба на распаѓање, а самата црква дава изглед на запуштен објект.[2][3] Фреските од првата зона се во цел раст и се насликани високо над седиштата. Втората зона ја исполнуваат повеќе сцени и композиции од животот на Исус Христос.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia