Црква „Св. Богородица“ - Гостивар
![]() Пресвета Богородица — главна и катедрална црква во Гостивар, сместена на самиот плоштад. Изградбата на црквата е започната во 1924 година, а нејзиното осветување е извршено во 1929 година. Во 2003 година на црквата извршен е поголем реставраторски зафат.[1] Велигденски обичаиВо црквата, за време на првите пет недели од Велигденскиот пост, се извршувала мала повечерна богослужба во петоците во кои се читал Акатист кон Пресвета Богородица и се пее петолебие во чест на Христовото чудо со кое прехранил 5000 луѓе со 5 леба. Целата процесија е со цел да се оддаде почит и благодарност на добрите дела кои Христос ги направил во животите на верниците.[2] На Велики Петок, во црквата се положува Светата Плаштеница и се изнесува Чесниот Крст на кој е распнат Исус Христос. Верниците одат во црква, носат јајца, палат свеќи и по обичај три пати поминуваат под Плаштеницата со цел да го симболизираат поминувањето низ Господовиот гроб, односно преку распетие, страдање и погребение да стигнат до воскресение. Малите деца се тие кои најмногу го почитуваат протнувањето под Плаштеницата.[3] На Велика Сабота, во утринските часови во црквата се служи Света Василева Литургија.[4] Во недела, пред полноќ, верниците се собираат пред црквата со црвени јајца и свеќи и се крчкаат по полноќ. Пред 12 часот, богослужителите и верниците прават трикратен опход околу црквата со пеење на Воскресение Христе Твое Спасе“. По опходот, во црквата се служи утрена и литургија на Свети Јован Златоуст.[5] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia