Црква „Св. Богородица“ - Растојца
Свети Богородица — главна селска црква во близина на селото Растојца. Црквата се наоѓа на неколку стотина метри од селото, на десната страна од патот кој води кон селото Прибилци. ИсторијаЦрквата била осветена некаде околу 1874 година.[1] Во 1967 година, од црквата била украдени три икони.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа. Изградена е од камен и е покриена со ќерамиди на две нивоа. Оградена е со камена ограда, којашто е покриена со ќерамиди. Камбанаријата се наоѓа непосредно од левата страна на влезот во дворот од црквата. Таа има шестаголна основа и е поделена во два дела. Првиот дел е изработен од камен и завршува до околу две третини од висината на камбанаријата. На некои од страните во овој дел има квадратни отвори. Вториот дел има помала основа и е изработен од дрво. Тој се состои од шест дрвени столбови, кои во долниот дел се оградени со дрвена ограда и над кои се простира кровот во пирамидален облик. Галерија
ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia