Црква „Св. Богородица“ - Слоештица
Св. Богородица (или Пресв. Богородица) — црква кај демирхисарското село Слоештица, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. ![]() Црквата е сместена на источниот крај на селото. Претставува голема засвнодена еднокорабна базилика. Според натписот на јужниот ѕид, изградена е во 1908 година од мајсторот Марко Трајанов од Мало Илино. Ѕидана е од кршен камен; венецот и апасидата се од делкан бигор, а прозорците од делкан мермер. Фасадите се фугирани, покривот е од ќерамиди, а оној на апсидатафасен е лимен. Подоцна на запад е прилепена квадратна камбанарија на три ката, исто така со лимен кров.[1] Резбите во храмот се дело на Ѓорѓи Чуранов[2] и Дуко Дељов, кој користи многу зооморфни елементи — кон растителните додава фигури на лавови, волци, орли, бувови и змии.[3] Според натписот над влезот на западната страна, црквата е живописана во 1924 – 1925 година од лазарополскиот зограф Константин Колоски и неговие синови Јаким и Теодосиј.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia