Црква „Св. Димитриј“ - Брник
Свети Димитриј – главна селска црква во селото Брник. МестоположбаЦрквата се наоѓа во северниот дел од селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1887, што е забележано на влезната врата. Од записот на српски јазик во внатрешниот дел од рамката на нишата над влезната врата се забележува дека црквата била зографисана од Митре Трпковиќ со синовите Трпко и Ристе, како и Косто Никлиќ од селото Лазарополе во 1927 година. Храмот бил обновен во 2002 година и денес е добро сочуван.[1] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Објектот има димензии од околу 12 × 7 м и е висок околу 5-6 м.[2] Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е претставен Свети Димитрија Солунски. На рамката од нишата од внатрешната страна се забележува натпис на српски јазик во врска со зографисувањето на храмот, а над нишата има натпис на којшто е забележана годината на изградба. Црквата има и спореден влез којшто е сместен на јужната страна, а над него има празна ниша. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia