Црква „Св. Димитриј“ - Глишиќ
Свети Димитриј — главна селска црква во кавадаречкото село Глишиќ.[1][2] Таа се наоѓа во самото село, сместена под Горното Маало. Околу нејзе се сместени и селските гробишта. ИсторијаСтарата црква била подигната во 1869 година.[2] Старата селска црква била срушена и за жал не е сочувано ништо од неа. Поранешната црква била напуштена и скоро пред распаѓање. Поради тоа дошло до нејзино обновување во периодот 1982-2014 година, но за жал не е ништо сочувано од старата црква.[2][3] АрхитектураПо својата архитектурна форма, старата црква била еднокорабна, изградена и живописана во XIX.[2][3] Црквата имала отворен трем од западната страна и дрвена таваница која била на распаѓање.[2] ФрескоживописПред обновата на црквата, на северниот ѕид во наосот на црквата било насликано Второто пришествие Христово (Страшниот суд). На јужниот ѕид фреските биле пред распаѓање, а биле сочувани само ликовите на Св. Зосим, Марија Египќанка и Св. Игнатиј.[3] На иконостасот имало царски двери изработени во копаница со иконопис со следната содржина:[3] Во останатите делови во наосот и олтарниот простор фреските биле уништени. Денес, од гореспоменатите фрески нема ништо сочувано.[3]
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia