Црква „Св. Димитриј“ - Горно Дивјаци
Свети Димитриј — главна селска црква во крушевското село Горно Дивјаци, Македонија.[1][2] Црквата се наоѓа во самото село Горно Дивјаци. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта. МестоположбаЦрквата е сместена во самото село Горно Дивјаци, на околу 9 километри северозападно од Крушево.[3] ИсторијаСпоред натписот испишан на говорен народен јазик на западната страна, од внатрешната страна, може да се претпостави дека црквата е подигната во 1884 година или порано. Според пишаните извори кои ги даваат документите од возобнувањето на охридската Архиепископија, црквата е градена во период од 1869 до 1875 година.[3] АрхитектураЦрквата е еднокорабна градба, со полукружна апсида однадвор, засведена, со влез од западната страна. Ѕидана е од кршен камен и малтер. Каменот, главно е употребен необработен, вкопан во малтер и без определен опус на ѕидање. Аглите на црквата се изведени од фино делкани камени квадари со минимални спојници. Освен аглите на црквата, од обработен камен се изведен влезот, прозорците и апсидата.[3] ФрескоживописЦрквата најверојатно е живописана во 1884 година. Истиот е во релативно добра состојба и е целосно сочуван во четири зони.[3] Во апсидата се насликани сцени од Службата на архијереите со Св. Гергориј Богослов, Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст и Св. Атанасиј Александриски, Причестувањето на Апосолите, Богородица Ширшаја, која е поставена во конхата на апсидата. Во првата зона на исликување на фрескоживописот се насликани светци и светители во надолжните страни во цел раст, каде помеѓу нив се поставени односно насликани Деисизот, Св. Ѓорѓија на коњ кој ја убива ламјата и Св. Димитрија на коњ кој го убива калојан. Во втората зона на јужниот и северниот ѕид се насликани сцени од циклусот на Христовите страдања. Во третата зона се насликани сцени од циклусот на Големите празници. Четвртата зона, која е поставена највисоко во црквата иконописецот во јужната и северната сводна полуоблина е насликан фриз од 18 допојасни ликови на пророци во медалјон по 9 од секоја страна.[3] ИконостасЦрквата поседува висок иконостас, на кој се поставени шеснаесет икони, кои се прогласени за споменици на културата. Сите икони се од XIX век.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia