Црква „Св. Димитриј“ - КуманичевоЗа црквата во Егејска Македонија, погледајте „Црква „Св. Димитриј“ - Куманичево (Костурско)“.
Свети Димитриј — главна селска црква во тиквешкото село Куманичево, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во повисокиот дел на селото,[2] веднаш на самиот влез од земјениот пат кој води од селото Бојанчиште. ИсторијаНема точни податоци за времето на изградба, но истражувачот Војислав Радовановиќ запишал во 1920-тите дека црквата била подигната на место на стара црква која била срушена од страна на Турците.[2] На црквата постои спомен-плоча на која е запишано дека црквата се користела како магазин за време на НОБ од август 1943 до 30 мај 1945 година. АрхитектураПо архитектонскиот облик, црквата е трикорабна со дрвени таваници. Има отворени тремови на јужната и западната страна.[3] ФрескоживописЦелата внатрешност на храмот е покриена со живопис. Најзабележителна е композицијата „Второ пришествие Христово“ („Страшниот суд“), насликана на јужниот и западниот ѕид во наосот на црквата.[4] Икони и иконостасНа иконостасот има натпис: „Сеи свети образи исписа Петре и сен его Глигор из Дебарску державу село Тресонче 1878“.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia