Црква „Св. Димитриј“ - Подареш
Свети Димитриј — црква во селото Подареш. МестоположбаЦрквата е сместена во северниот дел од селото. ИсторијаКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 12 јули 2001 година.[1] АрхитектураГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со кружна купола и многуаголна апсида на источната страна. На површината на куполата има осум монофори. Главниот влез се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата. Од левата страна на влезната врата има мермерна плоча со податоци за црковниот одбор којшто ја подигнал црквата, како и врамена фреска на којашто е претставен Свети Димитрија Солунски, додека од десната страна на влезната врата има врамена фреска на којашто е насликан Свети Георгиј. Храмот има спореден влез на северната страна. Објектот е граден од тули коишто се најзабележителни на куполата, како и на рабовите од вратите и прозорците, а остатокот од надворешните ѕидови е обоен во бела боја. Црквата е покриена со кров од ќерамиди, а куполата со лимен кров. Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени две камбанарии и трпезарии. Од внатрешната страна на влезната порта од дворот има полукружна ниша со фреска на којашто е претставен Свети Димитрија Солунски. Првата камбанарија се состои од два дела, од коишто долгиот којшто е значително повисок е со квадратна основа, а горниот во висина на ѕвоното е со осумаголна основа. На секоја страна од долниот дел има по една отворена монофора. Долниот дел во целост е обоен во бела боја, а тули се забекежуваат на рамките од монофорите, додека горниот дел е видливо изграден од тули. Втората камбанарија исто така е со квадратна основа и претставува примитивна метална конструкција со пирамидален лимен кров. Галерија
Поврзано
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia