Црква „Св. Димитриј“ - Преод
Свети Димитриј — главна селска црква во селото Преод.[1] МестоположбаЦрквата е сместена во крајниот јужен дел од селото, во предел со обрасната шума. ИсторијаНе е познато кога црквата била изградена и од кого е осветена, но на рамката од нишата над влезната врата е испишана 1871 година. Според други извори, црквата била обновена во 1877 година.[2] На северната страна е запишанодека храмот бил реновиран во 1999 година. Иконите и фрескоживописот биле изработени исто така во 1871 година од страна на Коста Зограф и непознати мајстори најверојатно од кратовска тајфа.[3] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната стана. На западната страна има припрата којашто води до главната влезна врата. Над главниот влез има празна ниша на чијашто рамка веројатно е запишана годината на изградба на црквата. Храмот има и спореден влез којшто се наоѓа на северната страна. На северната и јужната страна има по еден правоаголен прозорец со решеткава преграда. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени помошен објект и селските гробишта. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia