Црква „Св. Димитриј“ - Путурус
Свети Димитриј — главна селска црква во селото Путурус.[1] Црквата е сместена во крајниот источен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна местоположба во однос на остатокот од селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1880 година.[2] Еден дел од црквата бил обновен пред околу сто години.[3] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а на јужната страна има спореден влез. Над обата влеза има ниша со фреска. Објектот во целост е обоен во бела боја со исклучок на цоклето, рабовите и рамките околу влезните врати кои се бледосини. Во дворот на манастирот се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата се наоѓа од левата страна пред главниот влез на црквата. Таа има квадратна основа и нејзиниот влез е од јужната страна. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia