Црква „Св. Злата Мегленска“ - Загреб

Света Злата Мегленска

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Европска
Архијерејско намесништво Јужноевропско
Местоположба

Карта

Координати 45°47′38.2″N 15°57′17.5″E / 45.793944°N 15.954861°E / 45.793944; 15.954861
Место Загреб
Држава Хрватска
Општи податоци
Покровител Света Злата Мегленска
Изградба 2014
Осветување 21 мај 2023
Архитектонски опис

Света Злата Мегленска — прва македонска црква во Загреб, Хрватска.

Местоположба

Црквата се наоѓа во Загреб, во непосредна близина на Загребачката авенија.

Историја

Камен-темелникот за црквата бил поставен на 26 октомври 2014 година како прва македонска црква во Хрватска.[1] Истата била осветена на 21 мај 2023 година од страна на архиепископот г.г. Стефан во сослужение со српскиот патријарх Порфириј.[2] На осветувањето присуствувал и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој го добил и највисокото одликување на Македонската православна црква, Орденот на Свети Климент Охридски, како знак за благодарност и искрено пријателство.[3]

Архитектура

Црквата е дело на архитектите Зоран Бошевски, Борис Флолиќ, Жељко Голубиќ, кои се дел од Студио БФ, а била проектирана во периодот 2008-2009 година.[4]

Бидејќи црквата е сместена до авенија со силен сообраќај, истата нема отворен пристап, туку преку перфориран ѕид се создава предворје, кое служи како заштитен двор.[5]

Изгледот на црквата е во облик на квадратен волумен со цилиндричен свод кој се протега низ целата должина, а се дистанцира странично од ѕидовите и завршува во карпест иконостас.

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „Ставени темелите на македонската црква во Загреб“, Дневник, година XVIII, број 5601, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 4.
  2. „Oсветување на новоизградената црква на МПЦ-ОА св. Злата Мегленска во Загреб,Р.Хрватска“. Премин Портал. Посетено на 25 мај 2023.
  3. 360степени (2023-05-21). „Осветена првата македонска православна црква во Хрватска, „Св. Злата Мегленска". 360 степени. Посетено на 2024-11-16.
  4. „Осветена првата македонска црква во регионот – „Св. Злата Мегленска" во Загреб“. Посетено на 2024-11-16.
  5. „Македонска православна црква во Загреб (Св. Злата Мегленска) – МАРХ“. Посетено на 2024-11-16.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya