Црква „Св. Илија“ - Велушина

Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Бистричка
Местоположба

Карта

Координати 40°55′38″N 21°21′6″E / 40.92722°N 21.35167°E / 40.92722; 21.35167
Место Велушина
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пророк Илија
Изградба XVIII век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен

Свети Илија — главна гробишна црква во битолското село Велушина, Македонија.[1]

Местоположба

Црквата се наоѓа во самото село, сместена во јужниот дел на селото, на почетокот на патот за Велушкиот манастир („Св. Ѓорѓи“).

Архитектура

Претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на источната страна и калкански покрив. Од југ и запад има отворен трем потпрен на дрвени столбови. Храмот има засводен влез од југ.[2]

Фрескоживопис

Во наосот нема траги од живопис. Во апсидата се зачувани фрески на Богородица со Малиот Христос, како и четворица архијереи во долното подрачје, които по стилските особености се датираат во XVIII век, со тоа и самата црква.[2]

Иконостас

На стариот обичен иконостас има икони од втората половина на XVIII и почетокот на XIX век.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 31. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-26.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya