Црква „Св. Илија“ - Добрево
Свети Илија — главна селска црква во селото Добрево.[1] Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото. МестоположбаЦрквата се наоѓа во непосредна близина на селското училиште, до кои води пристапен асфалтен пат кој се двои од регионалниот пат 1309. ИсторијаВо некои извори се споменува дека црквата била изградена во втората половина на XIX век. Тоа е поткрепено и со фактот што иконите на дрвениот иконостас биле изработени во 1872 година.[2] Сепак, над влезната врата има натпис на којшто е испишана 1938 година. Не е познато кога и од кој архијереј била осветена, а не е познато ниту од кој иконописец биле изработени иконите. Црквата не е зографисана.[3] АрхитектураЦрквата претставува голема еднокорабна градба. На дрвениот иконостас има 29 икони.[2] Градбата е оградена со камена ограда којашто е покриена со ќерамиди. Над влезната порта од дворот на црквата има натпис на којшто ја пишува годината на нејзината изградба. Влезната порта се наоѓа на предната страна на дводелната камена камбанарија. Првиот дел има квадратна основа, додека вториот осумаголна. Со исклучок на основата којашто од сите страни е оградена, вториот дел се состои од осум столбови покриени со кров над којшто е поставен крст. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia