Црква „Св. Илија“ - Злетово
Свети Илија — гробишна селска црква во селото Злетово, во Општина Пробиштип.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во самото село, издигнато на рид над Злетово. Околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта. ИсторијаИзградена е во последните години од турското владеение на Македонија, најверојатно во 1911 година. Изградбата на оваа црква е резултат на поделеноста на злетовчани на „егзархисти“ и „патријашисти“ и на нивните меѓусебни недоразбирања, кавги па и физички пресметки околу тоа прв да служи во единствената црква во Злетово. На локалните турски власти, преку глава им дошле постојаните братски, честопати, и крвави недоразбирања и расправи, жалбите до повисоките инстанци и затоа допуштиле градба на оваа црква. Таа им припаднала на патријашистите, а главната „Св. Богородица“ на егзархистите. АрхитектураДенешниот објект претставува еднокорабна црква, која се наоѓа на јужниот дел од гробиштата во Злетово. ПразнувањеИнаку, на 2 август, односно на Илинден се слави празникот, на кој се коле курбан и се готви јадење за гостите.[2] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia