Црква „Св. Илија“ - Митрашинци (нова)
Свети Илија — новоизградена селска црква во малешевското село Митрашинци, Македонија.[1] Сместена е на мала височинка надвор од селото, близу текот на реката Брегалница. Во близина на црквата се наоѓа археолошкото наоѓалиште Св. Илија, на кој се пронајдени остатоци на архитектонска камена пластика и од покривни ќерамиди, дел од старохристијанската црква во минатото.[2] АрхитектураЦрквата претставува крсто-куполен храм. Куполата е изградена од тули, има осумаголна основа и на секоја од страните има монофора. Кон внатрешноста на црквата водат три влеза, од западната, јужната и северната страна. Пред секој влез има натстрешница покриена со кров од ќерамиди. На источната страна, односно во задниот дел од црквата, има апсида со шестаголна основа, во чија средина има ланцетен прозорец. Целата градба е обоена во бела боја и е покриена со ќерамиди. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia