Црква „Св. Илија“ - Пуздерци
Свети Илија — главна селска црква во селото Пуздерци.[1] Црквата се наоѓа во источниот дел од селото, на стотина метри десно од патот кој води до селото Зарепинци. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта. ИсторијаЦрквата е изградена во 1920 година, но не е познато кога и од кој архијереј била осветена. Не е познато ниту од кој иконописец биле изработени иконите. Црквата не е зографисана. АрхитектураГрадбата на црквата е дводелна, при што и главниот и помошниот дел имаат четириаголна основа. Главниот дел е значително повисок и во него води влезната врата. Пред дрвената влезна врата има натстрешница покриена со ќерамиди, над која има живопис со ликот на Свети Илија. Главниот дел од градбата е покриен со кров од ќерамиди, додека помошниот дел е покриен со лимен кров. Покрај левиот раб од предната страна на црквата се наоѓа камбанаријата, којашто има примитивен облик и претставува ѕвоно виснато на држач закачен на ѕидот. Градбата целосно е обоена во бела боја. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia