Црква „Св. Илија“ - Радовиш

Свети Илија
македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Радовишко
Парохија Втора радовишка
Местоположба

Карта

Координати 41°38′40″N 22°27′23″E / 41.64444°N 22.45639°E / 41.64444; 22.45639
Место Радовиш
Општина Радовиш
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 1831 - 1859
Архитектонски опис
Стил преродбенички

Св. Илијаправославна црква во градот Радовиш, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Радовишкото архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е сместена на северозападниот крај на градот. Градена е од 1831 до 1859 г. Иконите се од XIX век, дело на непознат автор, иако дел од нив му се припишуваат на Крсте Зограф.[1] Иконостасот е делумно изрезбан, а на царските двери, кои исто така се резбани, е означено дека се изработени во 1843 г. Храмот не е живописан.[2]

Поврзано

Наводи

  1. Ајтовска, Љубинка, Илинка Атанасова (2017). Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење. Кочани: Општина Кочани. стр. 29.
  2. „Радовишко архиерејско намесништво“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 28 март 2014.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya