Свети Константин и Елена позната и како Влашка црква претставува православен храм на влашката етничка заедница во Битола. Се наоѓа во населбата Стара Болница.[1]
Црквата била изградена во 1903 година, на местото каде сега се наоѓа Хотелот Епинал. Откако била срушена со цел да се изгради хотелот, во 1969 година била повторно изградена во влашкото маало, на местото каде се наоѓа и денес. Како што се менувале окупаторите во Македонија, така и црквата се прилагодувала на условите, но никогаш не ја загубила својата автономност. Од почетокот на нејзината изградба до 2016 година, црквата секогаш била во сопственост на Комуната на власите од Битола, но потоа потпаднала под јурисдикција на МПЦ-ОА.
Наводи
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.