Света Марена - Огнена Марија позната и како Света Марина — една од трите цркви во гостиварското село Зубовце. Се наоѓа во западниот дел на селото и е изградена во 1845 година, врз темели на многу постара црква.
Во 1859 година познатиот Дичо Зограф, со својата тајфа ги има насликано живописот на црквата и 50-тина икони, а се потпишал и на престолната икона на св. Марина[1]. во црквата има една икона („Симнување од крстот“) која е насликана од Љубе Бошковски[2][3]. Патрониот празник на црквата е денот на Св. Марена кој се празнува на 30 јули, кој всушност е празник и на целото село[2]. Брдото пред црквата e склоно на ерозија и се спушта по неколку сантиметри и постои опасност да ја свлече црквата. Местото е посетено од професори од Градежниот факултет од Скопје за кој е изработен проект за спречување на понатамошно лизгање на земјата и санирање на целиот простор[4].
Наводи