Црква „Св. Меркуриј“ - Барешани

Свети Меркуриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Бистричка
Местоположба

Карта

Координати 40°57′7″N 21°21′1″E / 40.95194°N 21.35028°E / 40.95194; 21.35028
Место Барешани
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Меркуриј
Изградба 1836
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Свети Меркуриј (локално позната како Свети Меркули) — главна и единствена манастирска црква на Барешанскиот манастир во битолското село Барешани, Македонија.[1]

Местоположба

Манастирската црква е сместена во горниот дел на селото Барешани.[2]

Историја

Црквата била подигната во 1836 година и претставува единствена манастирска црква посветена на Свети Меркуриј.[3]

Според натписна табла на самата црква, во нејзе во 1876 година е крстен Ѓорѓи Сугарев.

Архитектура

Храмот претставува трикорабна црква.

Фрескоживопис

На ѕидовите на внатрешноста нема сочувано ѕидно сликарство.[2]

Иконостас

Иконостасот е со два реда на икони, работени од непознат мајстор. Испишаните години на некои од престолните икони, информираат дека тие се насликани во 1853 година.[2]

Занимливост

Барешанци веруваат дека каменот положен покрај темелот од северната фасада на црквата има моќ да им помага на жените кои не можат да останат бремени. Според мештаните, повеќе семејства (христијански и муслимански), кои се помолиле на светиот камен и се измиле со светата вода од манастирот добиле принова.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „„Силоамско кладенче" на Барешанскиот манастирот „Св. Меркуриј". Македонска нација. Посетено на 2019-02-25.
  3. „Свети Меркуриј од Барешани им помага за пород на христијани и муслимани“. apla.mk. Посетено на 2019-02-25.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya