Црква „Св. Мина“ - Гарниково
Свети Мина — урната главна селска црква во селото Гарниково.[1][2] Црквата е сместена под селото. Пред две децении оваа црква се урнала од дотраеност и поради негрижа, а само дел од иконите биле пренесени во црквата „Св. Димитрија” во Кавадарци.[2] Историја![]() Црквата била изградена во 1837 година, што го дознаваме од зачуваниот натпис кој се наоѓал над западната врата од надворешната страна на црквата.[2] Пред две децении селската црква се урна од дотраеност и поради негрижа. Непосредно по уривањето црквата имаше страотна и морничава глетка: купишта од камења, греди, остатоци од таваници, икони под урнатините, делови од иконостасот со кандила кои висат, фрески расфрлани по подот со малтерот кој се одлепил од ѕидот. Тоа што можеше да се прибере беа иконите кои беа однесени во Кавадарци во црквата Св. Димитрија.[3] АрхитектураСпоред својата архитектурна форма била трикорабна градба со нагласен среден кораб што се надвишувал над страничните. На западната страна имало нартекс, кој се одвојувал од наосот на црквата со два реда колони.[2] Црквата имала и отворени тремови на јужната и западната страна, додека камбанаријата била во урнатини уште пред уривањето на црквата.[3] ФрескоживописЦрквата била целосно фрескоживописана во 1877 година од страна на зографот Крсте Зограф од Велес, напишана во ктиторскиот натпис на црквата.[2][3] Фрескоживописот во црквата потекнувал од два временски периоди: олтарната апсида и горните партии на наосот, во главниот кораб, биле од 1837 година, кога била подигната црквата, а другиот - во долните зони и оној во тремот бил од 1877 година.[2][3] На западната фасада било насликано Второто пришествие Христово (Страшниот суд). Во олтарната апсида била насликана Богородица Ширшаја со по еден ангел од левата и десната страна, а во нишата на проскомидијата ликот на Христос. Во наосот на црквата над седиштето на северниот ѕид имало неколку сцени: Бесење Јудино, Христос пред Пилат, Бичување Христово, Распетие Христово и други. Втората зона од северниот ѕид ги претставуваше композициите Јуда дава согласност, Тајната вечера, Предавство Јудино и други. На јужниот ѕид во првата зона било насликано Оплакување Христово, Воскресение Христово, Жртва Аврамова и Св. Атанасиј. Во втората зона беа насликани композициите: Воскресение Лазарево и Влегување во Ерусалим (Цветници).[3] На една икона каде што е претставена Св. Мина во нејзиниот долен дел има натпис: „Анастасија иконописател от село Крушево в лета 1840". Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia