Црква „Св. Недела и Св. Петка“ - Абланица
Света Недела и Света Петка претставува македонска православна црква во туристичката населба Абланица, Општина Берово од десната страна на брегот на Брегалница.[1] Поради забрзаното урбанизирање на овој предел и формирањето на населбата Абланица, во 2003 година се дошло до идеја за градење на црква. Кога локацијата била одредена, беровски „Алкалоид”, купил плац од 1 декар, од приватно лице и веќе во 2004 година биле удрени темелите на објектот. Храмот се градел 4 години, но со сите инфраструктурни и хортикултурни уредувања, гбиле потребни уште две години за да се освети објектот.Во изградбата на црквата биле вклучени 300 дарители. Црквата ја зографисал Ванчо Чаушовски[2]. Црквата е осветена на 10 октомври 2010 година од струмичкиот митрополит г. Наум.[3] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia