Црква „Св. Никола“ - Балин Дол

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Гостиварска
Местоположба

Карта

Координати 41°47′11″N 20°56′28″E / 41.78639°N 20.94111°E / 41.78639; 20.94111
Место Балин Дол
Општина Гостивар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1853
Осветување 1 јуни 1997
Архитектонски опис

Свети Никола — главна селска црква во гостиварското село Балин Дол, Македонија.[1]

Местоположба

Црквата се наоѓа на самиот крај на селото, на мала издигнатина на подножјето на планината Сува Гора. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Црквата била изградена околу 1870-тите години како што запишал истражувачот Јован Трифуноски,[2] но според натписот на самиот ѕид при влезот во црквата, истата е подигната во 1853 година.

На местото на сегашната црква постоела мала црковна зграда.[2]

Во 1995 година црквата е возобновувана и реновирана, а во нејзиниот двор е изградена и зграда со трпезарија и помошни простории. Црквата била осветена на 1 јуни 1997 година.

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 55.
  2. 2,0 2,1 Ф. Трифуноски, Јован (1976). Полог (антропогеографска проучавања) (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 177.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya