Црква „Св. Никола“ - Брајчино
Свети Никола — главна селска црква во селото Брајчино, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа во западниот дел на селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[1] Црквата била изградена во 1871/72 година и судејќи по сè, на место на постара црква.[1] ГрадбаЦрквата „Св. Никола“ се наоѓа во северозападниот дел на самото село, до кој се стигнува по тесните асфалтирани улични, опкружени со камени ѕидови и стара селска архитектура на селото Брајчино.[2] Црквата се наоѓа во кругот на селските гробишта и претставува трикорабна градба со полукружна апсида, врз која се поставени седум плитки и лачно засведени ниши. Крај јужната и западната фасада, прилепени се затворените тремови и помошните простории.[2] Црквата била изградена во 1871/72 година, што можеме да го дознаеме од натписот во нишата над влезот. Внатрешноста на црквата е надолжно поделена на три делови со два реда од по пет столбови. Нартексот на западниот дел од внатрешноста е одвоен со преграда и е подигнат со три скали повисоко од нивото на наосот. Над нартексот е направена галеријата на кат.[2] ФрескоживописВрз ѕидните површини на наосот и нартексот не се сочувало ѕидно сликарство.[2] Живопис постои само во апсидата и во жртвеникот. Во конхата од апсидата насликана е „Св. Богородица со Христос“ на горниот дел и фигурите на архијереите „Св. Јован Златоуст“, „Св. Василиј Велики“, „Св. Никола“, „Св. Атанасиј“, „Св. Григориј“ и „Св. Спиридон“ во долната зона.[2] ИконостасИконостасот е составен од три реда на икони, царски двери и врати на јужниот и северниот дел на преградата. Иконите од иконостасот се работени во 1875 и 1889 година. Според сликарските натписи, постарите икони се дела на Апостол Стеријев од селото Пласје, а оние од 1889 година на зографот Атанас Димитри од селото Негован, Леринско.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia