Црква „Св. Никола“ - Гнеотино
Свети Никола или Свети Талалеј – главна селска црква во селото Гнеотино.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во краниот северозападен дел од селото. ИсторијаЦрквата е изградена во 1862 година, а била обновена во 1927 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Храмот има влез на северната страна над којшто има натпис на грчки јазик. Кон западната страна е доградена пространа затворена припрата. Објектот е граден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди, додека припратата е градена од камен и тули. Внатрешноста на црквата е зографисана, а иконостасот е без царски двери и содржи еден ред икони над ѓаконските порти. Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига непосредно од десната страна до влезната порта од дворот на црквата. Градена е од камен и во нејзиниот горен дел има по една отворена бифора на секоја страна. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia