Црква „Св. Никола“ - Голем Радобил
Свети Никола — главна селска црква во селото Голем Радобил.[1] Сместена е на околу стотина метри од влезот на селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1870 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата претставува трикорабна базилика со полукружна апсида на источната страна. На западната страна има отворен трем кој бил изграден во време на подигање на храмот.<ref name="oldprilep">Главниот влез се наоѓа на западната страна. Во средишниот дел од западниот ѕид над тремот има ниша со фреска на која е прикажан Свети Никола. Спореден влез има на северната страна и над него има ниша со фреска на патрониот светец. Објектот е изграден од бигор и е покриен со кров од ќерамиди. Црквата е зографисана. Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а камбанаријата се издига над влезната порта. Таа има квадратна основа и е покриена со пирамидален лимен кров. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia