Црква „Св. Никола“ - Грумази
Свети Никола или Воскресение Христово – главна селска црква во селото Грумази.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа на неколку стотина метри северно од селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1864, по што била срушена во 1924, доградена во 1980 и целосно обновена во 2006 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е насликан Свети Никола, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска којашто е целосно оштетено и не може да се забележи што е прикажано на неа. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата има трпезарија и во него се сместени селските гробишта. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia