Црква „Св. Никола“ - Драгош
Свети Никола — главна селска и гробишна црква во битолското село Драгош, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото.[2] ИсторијаЦрквата е подигната околу 1860 година, а претходно на истото место се наоѓала постара црквичка.[3] Според натписот над главниот влез се дознава дека црквата е подигната во октомври 1859 година. АрхитектураДворот со гробиштата има двојна порта, изградена во 1889 година. Храмот претставува релативно голема трикорабна градба со полукружна апсида на исток, во чиј долен дел има девет плитки украсни ниши.[2] Поголемиот дел од црквата, освен аглите, привратните делови и прозорците е изѕидан од обичен кршен камен. Подоцна од југ е доѕидан затворен трем. Внатрешноста е поделена на три кораба од два реда столбови.[4] ФрескоживописИконостас и икониИма голем обичен иконостас од три реда. По стилските особеости престолните и апостолските икони се датират од средината на XIX век, дело на месни зографи.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia