Црква „Св. Никола“ - Железна Река

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Гостиварска
Местоположба

Карта

Координати 41°42′1″N 21°1′59″E / 41.70028°N 21.03306°E / 41.70028; 21.03306
Место Железна Река
Општина Гостивар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1927
Архитектонски опис

Свети Никола — главна манастирска црква на Железноречниот манастир во гостиварското село Железна Река, Македонија.[1]

Местоположба

Црквата се наоѓа источно од селото, оддалечено од него неколку километри. Црквата се наоѓа високо над селото и до нејзе води земјен пат.

Историја

Во минатото на местото каде е денешната црква постоел манастир „Св. Никола“. На манастириштето во 1927 година биле извршени ископувања, при што биле пронајдени темели од манастирска црква, стари пари и еден крст. Со прилози кои ги собрала Дукадинка од родот Сталевци истата година на старото место бил подигнат нов манастир.[2]

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 55.
  2. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 190.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya