Црква „Св. Никола“ - Лавци (Битолско)

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Седумнаесетта приградска
Местоположба

Карта

Координати 41°00′54″N 21°18′05″E / 41.01500°N 21.30139°E / 41.01500; 21.30139
Место Лавци
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1939
Осветување 1961
Архитектонски опис

Свети Никола — главна селска црква во битолското село Лавци, Македонија.[1]

Местоположба

Црквата се наоѓа во самото село, во непосредна близина на сретселото.

Историја

Според натписот над јужниот влез, денешната црква е подигната во 1939 година, а била осветена дури во 1961 година.[2]

Ова го потврдува и истражувачот Јован Трифуноски, кој забележал дека црквата била подигната во текот на Втората светска војна, на местото на еден трошен храм.[3]

Архитектура

Храмот има триконхална или трилисна форма, со купола поставена на осумстран тамбур и со влезови од јужната и западната страна. Внатрешноста на црквата со два реда на 39 столбови, надолжно е поделена на три кораби. Во западниот дел е издвоен нартекс над кој се наоѓа горната галерија.[2]

Фрескоживопис

Ѕидовите во внатрешноста не се насликани.[2]

Иконостас

Олтарниот простор е издвоен од наосот со висок иконостас во резба, со три реда на икони, сите датирани во периодот после обновата на црквата.[2]

Низ внатрешноста на храмот може да се забележат неколку постари икони, кои им припаѓале на постарата црква во селото Лавци, која била срушена со бомбардирањата во периодот на Првата светска војна. Тие според својот изглед и датирањето во 1855 г., повеќето им припаѓале на стариот амвон или певницата и еден дел на некогашниот иконостас.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манстирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 30. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-08-13.
  3. Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 221. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya